Шон Пен и Скарлет Јохансон ја прекинале врската која итекако привлекла внимание во јавноста. Врската била откриена пред неколку месеци, а неодамна биле и фотографирани заедно како разменуваат нежности. Шон бил забележан како самиот шета во Малибу во Калифорнија во средата. Извор близок на парот потврдиле дека тие повеќе не се заедно.


Шушкањата за прекинувањето на врската започнале откако Скарлет не се појавила на филмскиот фестивал во Кан каде актерот го промовирал својот нов филм ‘The Tree of Life’. Скарлет во тоа време работела на својот филм ‘The Avengers’ во Ново Мексико. Причината поради која прекинале сеуште не е позната.