Деновиве завршија проектните активности на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид во црквата Света Богородица – Каменско.
Со проектот, како што ни изјави деиректорот на охридскиот Завод и Музеј, Јордан Трца, извршена е реставрација на олтарниот дел од црквата, и заштита на фрескоживописот. За таа цел покрај експерти од Охрид биле ангажирани и стручни лица од Скопје.
Заводот и Музеј еднаш веќе интервенираше на овој објект во 2002 година, но поради недоволно средства проектот тогаш не бил завршен.
Покрај споменатата активност во тек се и заштитно-конзерваторски работи уште на неколку значајни споменици на културата во охридско. Се работи на заштитниот кров на еден од мозаиците на Плаошник, во Свети Наум се конзервира кровот на црквата Свети Архангел Михаил, а ќе се интервенира и на црквите Света Богородивца Перивлепта, мал Свети Климент во Охрид и Свети Никола во Косел. Ќе биде извршена замена на столаријата во музејската куќа Робевци, помали интервенции ќе има и во зградата на дирекцијата, а паралелно ќе продолжи и изработката на заштитно конзерваторските основи за Охрид, Струга и Преспа.
За реализација на овие проекто Министерството за култура одобри 5 милиони денари.