Македонските стрелци, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, го завршија својот настап на Параолимписките игри во Лондон.
Наковска-Бикова и Каранфилов, во четвртокот настапија во квалификациите во дисциплината малокалибарски пиштол од 50 метри, во мешани двојки, но не успеаја да се пласираат во финалето.
Наковска-Бикова се пласира на 17-то, а Каранфилов на 27-то место, во конкуренција на 29 натпреварувачи.
Параолимписките игри во Лондон влегоа во спортската историја на Македонија, поради златниот медал, кој Наковска-Бикова го освои во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com