Одлуката за времена забрана за пловидба на скутерите беше донесена на иницијатива на охридкста Капетанија на 5-ти август, со цел, како што бече кажано, подобрување на безбедноста на Охридското Езеро. Таквата одлука предизвика револт кај скутерџиите. Дел од нив не ја испочитуваа забраната за што говорат и дваесетината прекршочни пријави што Капетанијата ги поднесе за петнаесет дена, колку што на сила беше времената мерка.
Скутерџиите сметаат дека одлуката за времена забрана е дискриминаторска и бараат таа да не важи за следната туристичка сезона.
фото: Васко Бујароски