Со изведбата на музичко-едукативниот перформанс „ПХВ Кабаре“ на театарската актерска група на младите од Црвен крст Крагуевац, вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше спуштена завесата на второто издание на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши Театар“.
На креативен начин младите актери од Крагуевац го истакнаа значењето на толеранцијата, недискриминацијата, неконфликтноста и презентираа начини за практикување на истите.
И оваа година Аматерскиот младински театарски фестивал ги исполни очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката, „Вдиши Театар“ го најде и оправда своето место во охридскиот културен простор.
OhridNews