По седум дена дружење и натпревари, заврши првата средба на македонците од дијаспората во Охрид. Манифестацијата „Заедно дома во Македонија“ што ја организираше здружението „Корени“ во Охрид привлече околу 150 Mакедонци од 7 земји во светот.


Целта е остварена бидејќи Mакедонците од светот ги поврзавме со татковината. Тука тие воспоставија врски со бизнис заедницата и младите од што во иднина може да произлезат бројни иницијативи, велат организаторите на манифестацијата.


Македонците од Србија најдобри фудбалери

Нашите од дијаспората во изминатите седум дена во Охрид се натправаруваа во фудбал а најдобра беше екипата на Mакедонците од Србија која во финалето ја совлада екипата на Mакедонците од Велика Британија со 5:0. По тој повод вчера се одржа церемонија на доделување на наградите на најуспешните екипи на турнирот кој според најавите треба да стане традиционален.

Ohridnews