Деновиве заврши снимањето на играниот дел од дилмот „Последниот Македонец од Македонија“ во режија на Илија Пиперковски.
Во изминатите пет дена, филмот кој е мотивиран од 100 годишнината од Букурешкиот договор, се снимаше во Битола и околината.
По еден век, филмот не враќа назад во историјата на Македонија и влијанието на Грчката Православна Црква, српската власт и бугарскиот режим по заминувањето на Отоманите.
Директор на фотографија е Дејан Димевски, сценариото е на Александар Кукулев, сценографија Наташа Димитриевска, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Горан Игњатовски, продуцент „Тринити плус Продакшн“, Снежана Лупевска.
OhridNews