Холивудските актери Џон Траволта и Роберт де Ниро го заршија снимањето на филмот “Killing Seasons”, во кој центар на приказната се два воени ветерани кои учествувале во војната во Босна.
Де Ниро го глуми Бенџамин Форд односно американски војник кој се борел во војната во Босна и Херцеговина, а по нејзиниот крај се повлекува во една колиба далеку од цивилизација за да ги потисне болните спомени за војната.

Заплетот започнува кога во шумата каде што живее Форд доаѓа Емил Ковач (Џон Траволта), поранешен српски војник кој има нерасчистени односи со Форд и набрзо започнува битка помеѓу нив.
Иако се шпекулираше дека делови од филмот ке бидат снимани во Босна тоа не се оствари. Овој филм е режисиран од Марк Стивен Џонсон, а во кино-салите ќе се појави наредната годинa.