Со одигрувањето на натпреварите од 26-та рунда завршија возбудувањата во Третата македонска фудбалска лига. Точка на сезоната Сатеска стави со победа над Караорман 3-1, Лакочереј изгуби од Велешта 3-1, додека Охрид не играше поради откажувањето на Лирија Заграчани.

Сатеска до триумф против Караорман стигна со пресврт во второто полувреме, откако во првото имаше негатива 1-0. Лакочереј пак два пати имаше предност на гостувањето во Велешта, но на крајот изгуби и со пораз ја финишора сезоната.

Сезоната во Третата лига ја одбележа Охрид кој успеа да победи и обезбеди пласман во Втората лига. Од третолигашкото друштво испаднаа Октиси и Лирија Заграчани која се откажа од натпреварување во текот на втората полусезона.

Резултати: Црно Буки – Влазними 1-0, Лирија Грнчари – Фљамуртари 3-1, Велешта – Лакочереј 3-2, Кравари – Преспа 3-3, Октиси – Новаци 2-4, Сатеска – Караорман 3-1, Лирија Заграчани – Охрид.

Табела: Охрид 58, Влазними 43, Црно Буки 39, Лирија Грнчари 39, Новаци 37, Караорман 36, Велешта 35, Сатеска 35, Кравари 34, Фљамуртари 33, Лакочереј 32, Преспа 31, Лирија Заграчани 18, Октиси 18

OhridNews