Со натпреварите од 33. коло попладнево е заокружена сезоната 2023/24 во Првата македонска фудбалска лига.

Струга Трим Лум иако загуби од Шкупи, ја одбрани титулата, Шкендија ги освои бодовите на дуелот со Работнички и обезбеди учество во квалификациите за Конференциската лига. Стружани ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите.

Екипста на Воска Спорт од Охрид обезбеди опстанок, додека трофејниот Вардар ќе игра бараж за опстанок, Македонија ЃП и Брегалница испаднаа од лигата.

АП Брера Струмица – Македонија ЃП 5:3
Брегалница – Силекс 1:1
Работнички – Шкендија 0:2
Струга Трим Лум – Шкупи 1:2
Вардар – Тиквеш 2:2
Воска Спорт – Гостивар 1:1

Табела: Струга 64 бода, Шкендија 64, Шкупи 62, Тиквеш 44, Силекс 43, Гостивар 42, Брера 42, Работнички 42, Воска 42, Вардар 37, Македонија ЃП 29, Брегалница 28.

OhridNews