Со практичните тренинзи за фудбалери родени 2006 и 2007 година заврши тридневниот семинар на „Фудбалскиот Ајштајн“ кој три дена се одвиваше во Охрид во организација на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) и Општинскиот фудбалски сојуз-Охрид во соработка со Фудбалската агенција за млади тренери „Coerver“. 

Тренерите Срѓан Стојчевски и Предраг Стојановиќ кои по „Coerver“ програмата работеа со дечињата во името на целата екипа изразија големо задоволство од приемот и пријатната атмосфера за тренинг во трите изминати денови во Охрид.

„Coerver“ агенцијата за тренери во млади категории името го има добиено од холандскиот фудбалер Вили Кервер, кој самостојно почнал да ги анализира игрите на индивидуалците, а сето тоа го снимал и пренесувал на своите соработници и дечињата.

OhridNews