После речиси цели шест месеци, борби, караници и долги преговори, заврши сапуницата која наликуваше на шпанска теленова помеѓу екипата на Интер и аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди.

Најдобриот голгетер на Интер последниве години во Париз ќе се пресели како позајмен фудбалер а францускиот клуб ќе има право на откуп следната сезона за сума од 65 милиони евра.

Целта на „нероазурите“, уште пред почетокот на летниот преоден рок беше јасен да се ослободат од довчерашниот капитен и проблематичната сопруга и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара која вниманието го привлекуваше со откривање на работи од соблекувалната.

Икарди од ПСЖ го доби посакуваното и ќе заработува 8 милиони евра по сезона а Интер не му дозволи трансфер во Јувентус која беше голема желба на фудбалерот.

 

Во последниот ден од летниот преоден рок, ПСЖ, се засили и со голманот Кејлор Навас кој пристигна од Реал Мадрид.

OhridNews