Заврши уште една комплетна реконструкција на детско игралиште. Станува збор за детското игралиште на улицата „Карпош Војвода“, информираат од Општина Охрид.

Од денеска најмладите ќе може да се рекреираат и на ова детско игралиште кое доби нови реквизити и соодветна гумирана подлога, велат.

Активностите, додаваат, се во рамки на проектот за реконструкција и изградба на детски и повќенаменски спортски игралишта на територија на Општина Охрид.

OhridNews