Со мини турнирот на кој учествуваа охридскиот Моби Дик и Стружанка од Струга и крстарање со брод по Охридското езеро заврши ракометниот камп на најдобрата светска ракометарка Андреа Лекиќ во Охрид.
Учесниците од 12 земји поминаа незаборавни седум дена заедно со ракометарката на Вардар и нејзиниот тим кој беше составен од врвни ракометни имиња.
– Напоменав и претходно дека на кампот најмногу ми значат насмевките и солзите на дечињата при заминување. Тоа се случи и оваа година што значи дека добро сме го организирале. Имам само пофални зборови за Охрид и тука имавме неверојатни услови за работа и одмор. Се надевам дека и следната година ќе се собереме сите заедно во Охрид на ново заеднички дружење. – рече Андреа Лекиќ.
Атмосферата на кампот на Андреа Лекиќ кулминираше во средата кога учесниците на градскиот плоштад ги презентираа ракомените вештини.
Мх.П.