Заврши првото пријавување во првиот уписен рок во средните училишта. Во трите средношколски центри во Охрид останаа слободни места.
   
Во Општинското средно училиште “Свети Климент Охридски ” во гимназиското образование има 50, во економската струка 9, а во новооотворената здравствена струка 12 слободни места.
   
Во Електро-машинскиот училиШтен центар “Свети Наум Охридски” во електро струката најголем интерес во првото пријавување основците покажале за профилот компјутерска техника и автоматика.  За сите профили од оваа струка останаа 129 слободни места.  Во машинската струка има 152, а во сообраќајната 43 непотполнети места. Во првото пријавува основците од општинава не покажале интерес за изучување на дрвопреработувачката струка што од наредната учебна година ќе се изучува во овој средношколски центар.
   
Вчера и завчера во угостителското туристичко училиште “Ванчо Питошески” се запишале 55 ученици за изучување на струката туристижко-угостителски техничар, 68  се пријавиле з аготважи, а 17 за келнери. Овде има 13 слободни места за технижари, 34 за готважи и 57 за келнери.
   
Второто пријавување  во првиот уписен рок е закажано за 1 и 2 јули, а резултатите , основците ќе ги имаат наредниот ден.
   
Критериуми за упис во средно образование се средниот успех на учениците од петто до осмо одделение, успехот по четирите предмети  кои се најзначајни за струката што ја одбрале,како и  дипломи за освоени награди на  натпревари.

Александра Ристоска