Со настап на театарската група од средните училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“ од Кичево со претставата “Изгубениот сон” и театарската група од средното училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид со претставата “Мачка на вжестениот ламаринен покрив”, синоќа, беше заокружено првото издание на Аматерскиот театарски тестивал “Вдиши Театар”, што го организираше Црвен крст Охрид.
На тридневниот фестивал беа прикажани 6 театарски претстави со учество на преку 100 млади талентирани актери од Охрид, Кичево, Ужице и Крагуевац.
-Задоволството на учесниците на овој фестивал, како и на бројната публика, ја оправдува идејата и стремежот овој фестивал да прерасне во традиционален и да опфати учество на повеќе земји од регионот. -истакнаа од Црвен крт Охрид.
Фестивалот го поддржаа Центарот за култура „Григор Прличев“ и фестивалот „Охридско лето“, како и голем број фирми и поединци од Охрид.
OhridNews