Во Струга денеска заврши првиот дел од курсот „Кураторски пракси во контекст“ што го организира Академија за уметности од Стокхолм и Локомотива, Скопје.
На курсот, како што соопшти организаторот, учествувале 20 студенти од Европа. Првиот дел насловен „Курирање во контекст“, според информацијата, понудил критичка перспектива и промислување како да се организира, теоретизира, промислува и прикажува уметноста.
Студентите имаа можност да дискутираат, рефлектираат, теориски и практично да обработуваат текстови, како и различните кураторски практики засновани на меѓународна соработка. Овие практики кои го промислуваат работењето на кураторот надвор од дисциплинското разбирање на уметничката продукција, нудат нови модели на продуцирање, промислување и прикажување на уметноста, вон воспоставената пракса на презентацијата во црната или белата кутија и политиките на репрезенација, стои во соопштението.
Студентите имале можност да се запознаат со придружните програми за развој на краток филм, кои ги развива тимот на Дрим шорт од Струга, како и со уметници од локалната заедница.
Методите на работа на курсот се базирани на обезбедување на средина за соработка, поттикнување на самоорганизираните начини на работа и заемни анализи, менторска размена и други пристапи кои ќе овозможат развој на знаењето преку процес на размена.
OhridNews