Со поставувањето на челичната конструкција завршува првата фаза од изградбата на повеќенаменска спортска сала во Требеништа.
Во втората фаза ќе се работи на осветлувањето и покривањето на салата со тенда, а потоа ќе почнат работите внатре на теренот.
Камен темелник на спортската сала во Требеништа беше поставен мај оваа година, a се гради со финансии од буџетот од Општината Дебрца.
Ohridnews