Со прием во генералниот конзулат на Македонија во Малбурн, Викторија заврши посетата на делегацијата на општина Охрид на Австралија. Конзулот Саво  Сибиновски искажа задоволство од посетата и претставувањето на Охрид во Австралија и средбите што претставниците на општината ги имаа со Македонската заедница, што според него е многу важно за негување и зацврстување на релациите меѓу иселениците и татковината и посебно за привлекување тие што почесто да доаѓаат во Македонија, за да не се оттуѓат младите Македонци од третата и четвртата генерација иселеници родени на Австралискиот континент.

Овие ретки посети на претставници на општинските власти на Австралија, се многу важни за враќање на довербата кај нашите иселеници да се окуражат да почнат да го вложуваат својот капитал во татковината, за што посебно интересен е Охрид со неговите потенцијали во туризмот, хотелиерството, градежништвото и малите бизниси, порача конзулот Сибиновски. Претставниците на општината сметаат дека со инвестирање во Охрид, кој е во подем, иселениците многу повеќе можат да спечалат во татковината отколку ако капиталот го чуваат во Австралија. Посебно важно за интезивирање на посетите и соработката е да се воспостави побрза комуникација од Австралија за Македонија со директни авио врски со Охридскиот аеродром, што може да се очекува наскоро преку поврзување со директна авио врска на Истанбул со Охрид, што според Зоран Шикалески од локалната самоуправа, било навестено од Турски ТАВ, кој ги работи аеродромите во Македонија.

-Во Мелбурн и Викторија живеат околу сто илјади Македонци, од кои повеќето не се официјално регистрирани, за што напори вложува конзулатот, што овде постои две години, каде одржуваме врски со иселениците, Македонски друштва и разни видови здруженија. Македонците се една од најбројните заедници во јужниот дел од Австралија, што Мелбурн го прави еден од најголемите центри на нашата дијаспора во светот и затоа овој град е посебно важен за Македонската заедница и нејзиниот организиран живот-порача конзулот Сибиновски на срдечната средба со претставнциите на општина Охрид, кои за Македонија заминаа од Мелбурн.

Во текот на 12 дневната посета на Австралија, делегацијата на Охрид, што мораше да ја напушти градоначалникот Петрески, го претстави градот и неговите потенцијали во Сиднеј, Волонгонг, Голбурн, Квинбиен, Канбера и Мелбурн, при што ги остави сите планирани средби. Амбасадорот на Македонија во Австралија Перо Стојановски ја бојкотира посетата на претставниците на Охрид на Австралија, избегна да се сретне со нив на 26 средба на Македонско-Австралискиот комитет за човекови права во Мелбурн и според кажувања и дописи од домаќините, преку телефонски разговори, e-mail и смс пораки со неколку Австралиски општини се обидувал да ги минира закажаните средби, во што не успеа. 
        

Нина Кепеска