Заврши третото издание на Меѓународниот турнир „Колибри 2024“. На едно место беа собрани деца од различни култури и средини, среќни и насмеани детски лица и многу позитивна енергија.

Во генерација 2014/2015 победник беше екипата на КК Колибри Охрид, каде на наше најголемо задоволство нашите најмали колибриња беа најуспешни. Во генерација 2012/2013 првото место го освоија екипата на МБА Академија од Крагуевац, 2010/2011 победник беше еипата на Црн Дрим од Струга и во категорија – жени 2011/2012 победник Струга 2009 исто така од Струга. Овој турнир се надеваме дека од година во година ќе расте се повеќе и ќе биде препознатлив бренд не само во регионот туку и пошироко. Веќе се потпишани меморандуми за соработка и следната година очекуваме околу 600 учесници во три смени, посочуваат од КК Колибри.

Воедно упатуваат благодарност за соработката на Општина Охрид, ЈП Билјанини Извори, Почесниот Конзул на Р. Србија во Охрид и на нашитесите пријатели и подржувачи овие години.

КК Колибри Охрид, ги продолжува своите активности и од понеделник заминува на Кошаркарски камп во Чањ, Црна Гора, додаваат.

OhridNews