Со доделување на наградите на најуспешните учесници во повеќе категории во х. Инекс „Горица“ денеска свечено беше затворен првиот Меѓународен саем за туризам Охрид 2008-ма.


од доделувањето на наградите

На саемот учествуваа околу 250 претставници на хотели, туристички агенции, туросператори, винарии, производители на храна и занаетчии од регионот, кои во  изминатите 3 дена  на 35 штандови поставени во спортската сала Билјанини извори ја презентираат својата понуда.

Учесниците на саемот се договорија дека за подобрување на туристишката понуда на регионот, потребна е  поорганизирана и поагресивна турстичка понуда, но и поголем квалитет на туристичките услуги.

Во тој контекст беше заклучено дека Македонија ќе мора да го подобри авиосообраќајот и да се погрижи за патната инфраструктура, и да ја подобри туристичката понуда која, како што беше речено. треба да ја креираат стручни и  компетентни луѓе.

ohridnews
фото: Васко Бујароски