Во атмосфера на која би позавиделе и повеќе сениорски спортски клубови,синоќа во салата “Билјанини извори“ заврши училишната лига во мал фудбал. Исто како и во премиерната сезона титлата ја освои О.У.“Св.Наум Охридски“.
Пештанци во финалето со 5-2 го совладаа училиштето “Братство Единство“.Третото место му припадна на училиштето “Григор Прличев“,тие во малото финале ги совладаа врсниците од Христо Узунов со 3-0.
Училиштето СВ.Наум Охридски ја одбрани титулата во лигата во мал фудбал,во одличен натпревар тие ги совладаа врсниците од Братство Единство убедливо со 5-2.
Двата тима на теренот демонстрираа дисциплинирана игра,која ја зачинија со седум гола.
Статистиката ќе покаже дека учениците од Братсво Единство имаа повеќе од играта,но Пештанци на време ги постигнуваа погодоците,што на крај има ја донесе втората титула,во исто толку изданија на училишната лига во мал фудбал.
Признанијата и наградите на најдобрите им ги врачи Охридскиот градоначалник Александар Петрески под чије покровителсво и годинава се играше училишната лига.Најдобар играч во лигата е Шенол Меди од О.У.“Братсво Единство“,за кого ова признание ќе биде мала утеха за загубеното финале.
Останатите две поединечни признанија заминаа за Пештани.Најдобар стрелец со извореден просек 25 гола на 18 натпревари е Митко Ампов,неговиот соиграч Димитрије Спасовски е прв голман во лигата.
Ненад Цветанов