Заврши летниот ракометен камп во Охрид, кој осма година по ред го организира ракометниот клуб Металург. Над 300 дечиња во две секции преку дводневни тренинзи ги откриваа тајните на ракомет, се забавуваа и капеа во Охридското езеро.

– На крајот од кампот морам да ги пофалам дечињата кои покажаа зошто ја имаме најдобрата ракометна школа на Балканот. Морам да им се заблогадарам на тренерите кои имаа толкаво разбирање со дечињата и одговорат на сите нивни барања. Масовноста на овој камп за нас како ракометна академија ќе биде мотив повеќе следната година во Охрид да дојдеме со поголем број деца поделени во повеќе секции – рече директорот на младинските ракометни школи, Тони Ристевски.

На ракометниот камп екипи и дечиња имаше од сите градови во Република Македонија каде Металург имаа свои академии.

–  После напорната школска година, ваквиот ракометен камп добро им дојде на дечињата. Во Охрид одигравме меѓусебни натпревари, а имаше и еден турнир каде го освоивме третото место. Се работеше напорно, времето доста не послужи и целата организација беше на високо ниво – рекоа „странците“ во Металург.

Мх.П.