Заврши пријавување на Конкурсот за избор на најубаво уреден двор и станбена површина во Охрид, што по повод Денот на екологијата –  5- ти Јуни го распиша  женскиот  центар “Бисера“.

Изборот на најубаво уредените дворови во Охрид ќе биде соопштен по заавршување на “инспекцијата“ на дворовите на пријавените кандидати.

Конкурсот го организираме со цел да ги поттикнеме граѓаните да дадат свој  придонес  за  почист и поубав град во пресрет на туристичката сезона, информираат од „Бисера“.

OhridNews