Под мотото „Дрога, цигари, алкохол? Не благодарам. Јас го одбрав спортот“, во организација на таеквондо и кикбокс клубот “Хваринг фист“ од Охрид, ви кендов во спортската сала “Билјанини извори“ се одржа првиот кикбокс турнир “Лихнидос 2007“
На турнирот учествуваа 84 натпреварувачи од ТК “Пумсе“-Солун, КК “Шогун“-Лерин, КК “Драгон“-Ресен, од Академијата за боречки спортопви „За Нед До“-Битола, како и од ТК “Хваринг Фист“ од Охрид кој настапи со 22 натпреварувачи.
Резултатите велат организаторите не се најбитни, а најважно е тоа што турнирот кој всушност беше пријателски натпревар, успешно беше организиран.
Стефан Јосифоски(5) од Охрид беше најмлад учесник
Учесниците пред почетокот на турнирот имаа прием во локалната самоуправа од страна на заменик градоначалникот Спиро Николоски и претседателот на Советот, Владо Чингоски, а турнирот го отвори градоначалникот Александар Петрески.
Целта на организаторот е оваа спортска манифестација да прерасне во традиционална.
Г. М.