Со финалните мечеви во женска и машка сениорска конкуренција заврши јубилејното десетто издание на „Beach Volleyball Ohrid 2016“ кое изминативе денови се одржуваше на плажата „Бафало“.
Златниот медал во женска конкуренција замина во рацете на Јашари и Рамадани откако во финалето го совладаа тандемот Ибраими/Муста со 2-1 во сетови.
По голема и изедначена борба бугарскиот тандем Митков/Тодоров во финалето со 2-0 славеа над Ваљон/Никчи и го освоија првото место.
Во дисциплината компании на првото место се пласираше Но Нејм, на второто Континео, а третата позиција им припадна на Кронбер и Шубер.
На турнирот имаше и натпревар за јуниори и јуниорки до 20 години и рекреативци каде среброто го освоија охридскиот тандем Бошалески/Цветкоски.
Фото галерија:
Фото: Одбојка на плажа, уживање во секој поглед
Мх. Постоловски