Јавната расправа за нацрт Статутот на општината заврши.
Граѓаните можеа да се вклучат во расправата со свои забелешки и предлози на нацрт статутот од кој примероци можеа да се подигнат на шалтерите или на официјалната веб страна на општината.
Советот на Општина Охрид на седница одржана на 30 ноември 2006г. го утврди нацрт Статутот кој беше ставен на јавна расправа на 11 декември. Јавната расправа ќе биде заокружена со одржување јавна трибина, по што нацрт Статутот на општината ќе се најде на усвојување пред Советот.