Заврши изградба на повеќенаменското игралиште на песок во непосредна близина на теренот за фудбал во населба Воска.
Игралиштето е со стандардни димензии 18 на 9 метри, а песок е поставен и на околниот дел на површина од 1,5 метар. Просторот е и хортикултурно уреден, а има и патека покриена со бехатон плочки во должина од 45 метри и ширина од 1,5 мeтар.
Игралиштето на песок е ветување дадено од градоначалникот Никола Бакрачески при неодамнешната средба со жителите на Урбана Заедница Воска. Изведувачи на градежните активности беа јавните претпријатија, „Градски пазар“ и „Охридски Комуналец“.
OhridNews