Завршија градежните зафати за изградбата на потпорен ѕид за санација на свлечиште на дел од локалниот пат до манастирот „ Св.Недела“ во селото Оровник.
– Изградбата беше изведена со цел да се изврши стабилизација на теренот на кој е појавено лизгање на земјиштето и кое претставува опасност за понатамошно продолжување на лизгање и доведување во опасност од рушење на објектите кои се во непосредна близина, информираат од локалната самоуправа од општина Дебрца.
Ѕидот е со висина од 4.5 метри . За да се заштити потпорниот ѕид од активен притисок на вода извршена е замена на дел од земјиштето позади потпорниот ѕид со материјал кој брзо ќе ја пропушта водата до дренажната цевка,која оди до одводниот канал за атмосферски води и се отстранува од нестабилниот терен.
OhridNews