Завршија мечевите по групи на 16-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2019“. Победи во последните натпревари забележаа Сатеска Волино и Санитарија Грини кои славеа против Коктел Бар Карузо (4-1) односно Типлери (3-2).
Вечерва, веднаш стартуваат осминафиналните пресметки и на програмата има три натпревари. Возбудувањата почнуваат во 20 часот и 30 минути.
Резултати:
Сатеска Волино – Коктел Бар Карузо 4-1
Санитарија Грини – Типлери 3-2
Двојки:
20:30ч Фасадер Петкоски – Ескобар
21:30ч Антика Трејд – Јуниор
22:30ч Хотел Престол – Мешеишта
OhridNews