Со презентација на заклучоците што произлегоа од панел дискусиите посветени на Косово, Авганистан и енергетиката како нов предизвик на светот, попладнево во Охрид заврши Вториот Безбедносен форум на ЕАПС.

Како и што беше најавено од форумот не произлезе никаков документ, туку заклучоците ќе бидат разгледувани во алијансата.

Попладнево најголемиот број од делегациите(имаше околу 600 учесници) го напуштија Охрид. НАТО јас пофали организацијата на форумот кој го следеа над 200 акредитирани новинари од земјава и светот.

За време на одвивањето на НАТО форумот, во Охрид на сила беше посебен режим на сообраќај, а состојбата во градот по заминувањето на делегациите полека се нормализира.

Г.М.