По завршувањето на првата фаза од натпреварите во кошаркарскиот Еврокуп,
познати се осминафиналните групи, во кои продолжуваат 16-те најдобри
тимови во ова натпреварување.

Македонската кошарка, во второто според квалитет натпреварување во
Европа, во оваа фаза нема да има свои преставници, откако тренерот Марин
Докузовски (Лукоил Академик) и репрезентативецот Војдан Стојановски
(Доњецк) завршија на третите места во своите групи.

Група И: Будивељник, Триумф, Будуќност, Банвит

Група Ј: Билбао, Валенсија, Нимбурк, Рига

Група К: Локомотив Кубан, Спартак Санкт Петербург, Стемлет, Кахасол

Група Л: Црвена ѕвезда, Уникс, Галатасарај, Улм

Натпреварите од втората фаза ќе започнат на 20-ти февруари, а пласман во
четвртфиналето ќе изборат првите две екипи од секоја група.

“Макфакс“