Со натпреварите одиграни вчера заврши есенскиот дел од првенството во Втората лига – Запад.

ГФК Охрид Лихнидос одигра реми берз голови на гости кај ФК Кораби. Воска Спорт, пак, на домашен терен извојува победа над ФК Беса 2:0.  Првиот гол го постигна  Христијан Грозданоски во 64та минута од натпреварот, а вториот Бехар Фета во 73-та минута.

Есенски шампион е екипата на ФК Силекс со 41 бод на табелата, Воска Спорт заврши на втората позиција со 32 бода, а ГФК Охрид Лихнидос на 7 та позиција со 15 бода. Следното коло по зимската пауза е закажано за 19 февруари.

OhridNews