Земјоделците од охридскиот регион, во понеделникот ја завршија овогодинешната есенска сеидба. Под земјоделски култури се засеани вкупно 560 хектари обработливо земјиште, од кои 556 хектари со житни и 4 хектари со градинарски култури.

Од  Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Охрид велат дека планот за овогодинешната сеидба не е остварен во целост.

-Од планираните 805 хектари житни култури, засеани се околу 70 %, а од планираните 10 хектари градинарски култури засеани се само 40%.  Но и покрај тоа ние сметаме дека оваа сеидба заврши успешно затоа што се одвиваше без поголеми проблеми и ограничувања-велат земјоделските стручњаци од ПЕ на Министерството за земјоделство во Охрид.

Тие нагласуваат дека за успешната сеидба значително  придонеле  поволните временски услови и снабденоста со семенски материал, кој можел да се најде во речиси сите земјоделски аптеки во Охрид.

                        

Е.Е.