Со поетско пладне и претставување со свои песни на поети од Ирска и Македонија, заврши 28-та Поетска ноќ во Велестово.

Оваа година првата традиционална поетска ноќ беше посветена на творештвото на поетот Санде Стојчевски, за неговото творештво беседеше проф. Д-р Зоран Анчевски. Беше отворена и ликовна изложба на академскиот сликар Стефан Хаџи Николов, а присутните имаа можност да уживаат и во концертот на младиот Петар Кочовски.

Втората ноќ беше посветена на ирската современа поезија, при што беше промовирано најновото издание на ПНВ Публикации, зборникот „Единаесет ирски поети“ Избор од современата ирска поезија, во препев на Јулијана Величковска и Василка Пемова. Четворица од застапените единаесет ирски поети беа гости на манифестацијата, па така присутните имаа можност да ја слушнат поезијата на: Били Рамзел, Алва Ни Гиарвуи, Џери Марфи и Патрик Котер.

Во рамки на втората вечер беше промовирано уште едно независно издание, книгата „Сеќавања“ од Климе Дулески, книга приказни што на авторот му ги раскаувале неговите предци за Велестово.

OhridNews