Со настапот на ансамблот „Билјана“ и изложбата на дел од создадените дела на минатогодишната Меѓународна уметничка колонија во Трпејца,  беше заокружено деветтото издание на манифестацијата „На зајдисонце“.

 

 

Публиката можеше да ги види делата на: Владисав Богичевиќ и Јовица Костиќ од Ниш, Србија, Дражен Конатар од Бјело Поље, Црна Гора и нашите Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски.

Претходно во соработка со НП „Галичица“ се одржа традиционалната прошетка по патеката „Чоколско“ а со голем успех на манифестацијата настапи охридскиот бенд „Броз“.

Организаторот – Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на општина Охрид и финансиска помош на Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје во стандардниот термин од 20 до 28 јули понуди бројни културни и забавно – рекреативни настани кои привлекоа големо внимание меѓу гостите, охриѓани и мештаните.

OhridNews