Детската фудбалска лига во југозападниот регион заврши со одигрувањето на финалните натпревари во Охрид. Најуспешна екипа е Фер Плеј која триумфираше во четири од шест генерации, а во останатите победија екипите на Фљамуртари и Ла Масија. Со победата во финалните натпревари екипите обезбедија учество на завршниот турнир кој се игра во Скопје, а учествуваат најдобрите екипи од Македонија.
Резултати:
2004 генерација: Фер Плеј – ФК Охрид Топ Тим 6-4
2005 генерација: Парис – Фер Плеј 1-4
2006 генерација: ФК Охрид Топ Тим – Фер Плеј 1-4
2007 генерација: Фер Плеј – Фљамуртари 4-3
2008 генерација: Фљамуртари – Ла Масија 5-2
2009 генерација: Ла Масија – Еврофудбал 6-5
OhridNews