Екипата на Рома остана без својот принц и заштитен знак, откако Франческо Тоти на официјална средба со медиумите изјави дека заминување од клубот. Тоти после завршување на фудбалската кариера се пресели на директорската позиција но заминува поради несогласувањата односно немање ингеренции во донесувањето на одлуки за клубот и екипата.

  • Не е моја грешка што никогаш не добив шанса да кажам што имам. Никогаш не бев уклучен во донесувањето на одлуките. Првата година трпев и чекав. Во втората година сватив дека со луѓето во клубот не сме со иста цел и никогаш не си помагаме едни со други. Ги знаеја моите намери и желби да дадам се за клубот и екипата но искрено никогаш не ме сакааа. Долго размислував и пресеков. Не ме кривите мене што морав да донесам ваква одлука. Сега одам по друг пат. Еден ден, кога некој друг сопственик на Рома ќе ме повика одма ќе дојдам без разлика каде се наоѓам. – изјави Тоти.

Тоти во дресот на Рома дебиташе далечната 1992 година а кариерата ја заврши 2017 година. Претходно иконата на Рома ги помина сите младинските категории и беше дел од екипата која го освои скудетото 2000 година.

OhridNews