Крводарителската акција која се одвиваше изминатите два дена  на градскиот плоштад во Охрид  и беше дел од еден поширок потфат за соборување на гинисовиот рекорд поставен од  Инндија (собрани 18.000 едници крв за 24 часа) заврши успешно.

„Се надеваме дека ќе го собориме гинисовиот рекорд бидејќи ако барем приближно се успешни акциите во другите градови и држави како во Охрид, тогаш сигурно ќе се соберат повеќе од 18.000 единици крв“ изјави адне Сашо Точко, раководителот на Црвен крст – Охрид. Остваривме повеќе од 90 единици, со што го надминавме планот за 150 насто“ нагласи Точко.


 Дир. на „Охр. лето“ Тони Симоновски и актерот Ѓорѓи Јолевски

На ниво на Македонија, „задачата“ беше да се соберат 800 единици крв, а собрани се преку 1500 со што нашата земја веројатно ќе биде меѓу поуспешните во оваа акција на 33 земји од Европа.

Дарувањето крв „за Гинис“ имаше прилично добар одѕив кај граѓаните, а меѓу крводарителите можеа да се забележат и некои познати личности од градов.  Акцијата беше и дел од активностите по повод Неделата на Црвениот крст и полумесечина.

С. Костоски