Вечерва, во хотелот Десарет, се одржа трибината на тема “ Различни фолклорни вредности- пат за зближување на културите” која всушност го означи крајот на Меѓународниот фолклорен фестивал “ Разиграно оро 2010”.

Како дел од фестивалските активности, вечерва, беше одржана и ревија на народни носии.


На четвртото по ред издание на “ Разиграно оро 2010” учествуваа над 1. 300 учесници од 35 ансамбли од Македонија,  Русија, Полска, Србија, Хрватска, Бугарија , Албанија, Грција  и Босна и Херцеговина.
 
Намера на организаторите е идната година да учествуваат и ансамбли од преку океанот и да се организира македонска фолклорна вечер со учесници од дијаспората.

OhridnNews