Гвен Стефани ја заврши бракоразводната парница со поранешниот сопруг Гевин Росдејл. Следеше и поделба на имотот во кој Гвен излезе како победник. Пејачката која има 46 години ќе ги задржи двете вили кои ги имаат во Лос Анџелес, додека нејзиниот поранешен сопруг ќе ги добие недвижностите во Лондон.

 

За разлика од Гевин, на кој му припадна само еден автомобил, во сопственост на Гвен останаа пет возила. Што се однесува до старателството над децата, поранешните сопружници ќе го делат старателството и никој нема да плаќа алиментација. Гвен и Гевин не потпишале предбрачен договор, но пејачката ќе мора на сопругот да му даде 50 проценти од богатството кое го стекнаа во бракот.