Заврши асфалтирањето на улицата „Боро Шаин“ во Струга. При тоа беше извршена целосна реконструкција на атмосферска канализација, водоснабдување и модернизација на подземната инфраструктура за сите постоечки кабли, информираат од Општина Струга.
Со завршувањето на овој проект ќе се олеснат условите за движење на жителите од оваа населба, но и на сите граѓани кои се движат во тој дел од градот, додаваат.
Инфраструктурните проекти ќе продолжат и понатаму, секогаш во служба на граѓаните и за доброто на градот!, потенцираат од Општина Струга.
OhridNews