На сцената Долни Сарај вечеравечер беше спуштена завесата на 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски, а во продукција на Словенечкиот национален Драма театар од Љубљана.

-Квалитетно напишаните и режирани дела можат да ги изведат само квалитетни актери, што се потврди и од вечерашната театарска игра на словенечките актери. Посебноста на претставата прозлезе од оригиналноста во пристапот кон темата – третирањето на историјата на војната, но не како некаква приказна од линијата на фронтот, туку историјата на човечките страдања, некаков интимен пристап кон темата, која е актуелна во секојдневието, велат од Охридско лето.

Селекторот на драмскиот фестивалски дел, Ѓорги Јолевски е задоволен од реализацијата на зацртаната програма за годинешното фестивалско издание, но и од одзивот и реакциите на публиката.

-Одгласите беа феноменални, а реакциите и од публиката и од критиката беа дека годинешното издание донесе не само ѕвезди и имиња, туку и многу новитети во третманот на уметноста, во новите естетики, во новите видувања на уметничките дела. Она што го ветивме на почетокот на Охридско лето, го реализиравме. Во драмската програма посебно, вадејќи ги претставите надвор од Центарот за култура, правејќи три силни програми и зголемувајќи го бројот на претставите токму за јубелејното 55-то издание, вели Јолевски.

Музичката дел од програма на 55-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ заврши завчеравечер со беспрекорен концерт на брилјантниот Максим Венгеров и пијанистот Ваг Папијан.

-Доживеавме рекорден број публика во сите 40 фестивалски денови. Горди сме како фестивал  затоа што уметниците се едиствени во својот израз дека имаме високо едуцирана, топла и приемчива фестивалска публика. Фестивалот Охридско лето секоја година се повеќе чекори по скалилата на успехот и се повеќе ја зацврстува својата позиција во мапата европски фестивали, вели селекторката на музичката програма на Охридско лето Гордана Јосифова-Неделковска.

Директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска рече дека ова издание на Охридско лето ќе се памети по беспрекорната реализација, полни гледалишта, позитивни критики и задоволните уметници.

-Имавме полни гледалишта и на музичките и на драмските настани кои поминаа на фестивалската сцена. За сите се бараше место повеќе. Околу 25.000 илјади посетители, гости од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција дојдоа специјално да ги проследат 29 музички концерти, 13 драмски претстави и 10 настани од дополнителна програма. Изненадува тоа што годинава имавме публика од сите возрасти, на гледалиштата често имавме и организирани туристички групи, и секако, и ова јубилејно издание со нас беше и нашата верна публика, вели Јанкуловска.

Таа истакна дека фестивалскиот тим кој неуморно работел во текот на изминатите 40 дена, од денес повторно ќе се посвети на подготвките за наредното 56-то издание на Охридско лето.

Фестивалскиот тим кој неуморно работеше во текот на изминатите 40 дена, од утре повторно ќе се посвети на подготвките за наредното 56-то издание на „Охридско лето“. – See more at: http://www.ohridskoleto.com.mk/single.php?lang=mk&idar=710#sthash.sY3va0b7.dpuf

OhridNews