На интернационалната вечер најголемото вниманието на публиката го свртeа песните на гркинката Елизабет Христоу, дуетот Оџаклиевска –Акулов, Трито Џентлмен и настапот на Владо Калембер и Ина Гардијан.

На последната интернационална вечер на музичкиот фестивал Охридки трубадури беа изведени над 60 мелодии исполнети од македонски интерпретатори и пејачи од балканските земји. Грчката пејачка Елизабет Христоу со енергична интерпретација на песната „Ако не ме сакаш“ ги освои аплаузите на публиката и првата награда од неа, како и и втората награда од жирито.

Маја Оџаклиевска со песната „Оди си“ која ја исполни во дует со русинот Иван Акулов ја освои првата награда на жирито и втората награда од публиката.

– Ја слушнав песната „Оди си“ испеана на руски јазик. Многу ми се допадна и се потрудив да го пронајдам авторот. Му ги кажав моите импресии од мелодијата и му реков дека би сакала песната јас да ја снимам секако ако тој тоа ми го дозволи. А Иван веднаш ми рече: Нема проблем за дозвола, но зошто песната јас и ти да не ја испееме во дует. И тоа се случи. – изјаво Оџаклиевска.

Другите награди им припаднаа на песните „Немој да ме чекаш“ (Трио Џентлмен – трета награда на публика ) и на „Жена“ ( Ѓоко Ѓорчев – трета награда на жири).

Наградата „Мато Дошен“ за најдобар аранжман ја освои Селами Положани, за најдобра интерпретација – Нуша Деренда – Словенија, а наградата за најдобар сценски настап ja освои Ина Гардијан.

На поп вечерта наградите на жирито ги освоија: првата Горан Милошоски, втората и третата Моротов бенд и Трио Џентлмен. Од публиката: првата  Пепа, а втората и третата Влатко Илиевски и Трио Џентлмен.

OhridNews