Со четири натпревари вечерва заврши фазата по групи на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта.
Во мајсторката Стаклара Исмајлоски убедливо ја совлада екипата на Подгорка со 8:1.
На останатите средби вечерва:
Сатеска – Камионски делови Бос 2:0
Тороман Мешеишта – Др. Баткоски 1:3
Ресторан Станица Викса Пром – Пекара Лихнида 4:5
Понеделник и вторник се слободни денови, а турнирот продолжува во среда со елиминациони натпревари.
Г.М.