Согласно потпишаниот договор за изработка на спомен обележје – споменик „Св. Наум Охридски – Чудотворец“, одборот за подигање на спомен обележјето деновиве го посети ателјето на Академик Томе Серафимоски кој го изработува споменикот и изврши проверка на истиот.

Во првата фаза, споменикот е изработен од глина и според Одборот, изведбата е во согласност со условите предвидени во јавниот конкурс и програмските барања. Членовите на одборот констатирале дека реализацијата на скулптурата е во согласност со роковите предвидени во Договорот за изработка на спомен обележјето на „Св. Наум Охридски – Чудотворец“.

Трудот кој беше избран на Конкурсот за идејно решение за подигање спомен – обележје на „Св. Наум Охридски“ е дело на Академик Томе Серафимоски, академски скулптор, кое по својата скулпторска обработка содржи обмислени и прецизно дефинирани скулпторски форми, а со понатамошната обработка ќе се потенцираат и ќе дојдат до израз индивидуалните карактеристики на личноста на „Св. Наум Охридски – Чудотворец“.

OhridNews