Завршниот концерт на 20-тина млади музичари од земјава и од Холандија, кои во изминатите две седмици учествуваат на музичката работилница насловена како “Технологијата навлегува во традицијата“, ќе се одржи вечерва во Охрид.

Музичарите ќе настапат пред просториите на Охридско лето во 23 часот, со што ќе биде  одбележан и почетокот на Холандскиот филмски фестивал кој исто така денеска започнува во Охрид.

Музичката работилница е организирана од Здружението на граѓани Јавна соба од Скопје во соработка со “Zoey Foundation for Arts and Culture“ од Холандија. Целта на оваа работилница е да иницира дијалог меѓу културите на двете земји преку музиката, а на локалната заедница да и се по нуди ново единствено музичко задоволство, во богатството на звуци од невообичаената комбинација на современа технологија и традиционални акустични инструменти.

„Технологијата навлегува во традицијата“ е експериментален проект што за прв пат се одржува во нашата земја. Во него се вклучени 20 музичари, по 10 од од Македонија и од Холандија. Работилницата се одржува на неколку локации во Охрид. Во текот на денот, музичарите творат на различни локации како што се: Музејот на вода „Заливот на коските“ во Градиште, Лагадин, Пештани, Трпејца, Св. Наум и слично. Богатствата на звуци од современата технологија и традиционалните инструменти ќе бидат запишани во форма на музичко “CD“, како и “DVD“, кое ќе се издаде во сора ботка со партнерот на овој проект “Enterprise Recording Studios“ – Валентино Скендеровски.

Ohridnews