Предворје на црква „Св. Софија“

Од 26.08.2021 - 20:30 до 26.08.2021 - 23:00

Летната програма од „Културолошка иницијатива 5 до 12“ ќе финишира со проекција на документарец во предворјето на црквата „Св. Софија“. Првично програмата беше предвидено да заврши со настаните летно кино со автомобили “Film Flow” и претставата „Ти во седум бои, кои се откажани поради новите мерки и протоколи за организирање настани на отворено.

Сепак, се потрудивме да организираме настан што ќе биде налик на нив два, односно во предворјето на црквата Св. Софија ќе го проектираме документарниот трилер „Searching for Sugar Man“. Филмот ја раскажува приказната за двајца Јужноафриканци кои тргнуваат да откријат што се случи со нивниот музички херој, мистериозниот рокенролер од 70-ите, Родригез, истакнуваат од „Културолошка иницијатива 5 до 12 “. 

Настанот е од хуманитарен карактер и  ќе биде реализиран според новите протоколи за јавни настани, односно со намален капацитет на публика, задолжително носење маска и проверка на сертификати за примена вакцина или прележан Covid-19 во рок од 45 дена на влез. Влезот ќе биде отворен од 20:30 ч, а прикажувањето на филмот почнува во 21:00ч.

Карти нема да има, ќе се збираат донации по минимум од 100 денари и средствата ќе бидат донирани на семејството на малото охриѓанче Јован Андреески, кој неодамна се здоби со повреда на вратниот пршлен, додаваат од „Културолошка иницијатива 5 до 12“ . 

 


Во рамки на програмата ова лето  младите ентузијасти организираа вкупно десет настани кои ги опфатија сите видови на уметност, спорт, забава и уживање на најатрактивните локации во Охрид.

 

К.А