Министерот за здравство Бујар Османи, денеска во Заводот на нефрологија во Струга, свечено пушти во употреба две оддленија за третман на 24 болни од хепатит Б и Ц, нов рендген апарат и дел од новата болничка лаборатотија.

Османи најави дека болницата за нефрологија во Струга е позитивен пример кој треба да го следат и другите здравствени организации. При тоа тој најави дека наскоро со јавно приватно партнерство во Скопје  ќе бидат отворени неколку центри за дијализа со што ќе се надмине долгогодишниот проблем поради кој голем број болни мораа да патуваат во центарот за дијализа во Струга.

Во период од една година во опрема во заводот за нефрологија се вложени 780 000 евра.

Ohridnews