ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања –Охрид, се приклучува во одбележувањето на Светскиот ден на срцето, чие мото оваа година е “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”

Пораката се однесува на подигање на свеста за клучното прашање кое треба да биде пред секој човек – Што се можам да направам за подобра грижа и здравје на моето срце, твоето срце, сите наши срца? Прашање кое е поставено пред секој индивидуалец, здравствен работник и вклучен во креирање на здравствени политики.

По повод Светскиот Ден на Срцето објектот на ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, денеска, понеделник, од 19.30ч., ќе биде осветлен во црвена боја, а лекарскиот тим во ќе дели брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања кај здравата полулација и спречување на влошување на здравјето на срцето кај кардиолошките пациенти.

OhridNews